Фотографката по име Вивиен Гучева, објави сет фотографии инспирирани од Њујорк, чии улици ги фотографирала за време на зимскиот период, кога тие се празни и прекриени со снег. Колекцијата ја објавила во вид на книга едноставно именувана „Њујорк низ леќите“, а фасцинантните дела се најдоа и низ страниците на познатите магазини како „Гардијан“, „Њујорк Тајмс“ итн.
На ова идеја дошла во 2008-та година, кога тешката материјална состојба ја принудила да работи и по неколку работи истовремено. Имено, Вивиен во тој период го „лекувала“ сресот на тој начин што доцна во вечерта шетала низ градот и правела фотографии. Оваа дејност ја вршела со фотоапарат кој го купила на старо за 79 долари, бидејќи немала повеќе пари за да купи подобар.
После извесно време одлучила да направи свој блог на кој ќе ги објави своите фотографии. За кратко време блогот станал особено популарен, и таа добила голем број на пофалби за прекрасите кадри од „Големото јаболко“.
Погледнете го Њујорк од еден поинаков агол, кој сигурно ќе ви ја разгори желбата за што поскоро да го посетите.