Додека бевме деца, веројатно сите сонувавме да имаме своја куќичка на дрво. Таа може да биде идеално место каде човекот ќе го пронајде својот мир, подалеку од хаосот кој секојдневно го опкружува.
Фостер Хантингон напорно работел на неговата дрвена куќичка од соништата, па крајниот резултат изгледа бајковито!
Со изградбата започнал минатиот февруари, а го чинела околу 135.000 долари.
Хантингон верува дека би требало да биде целосно готова во наредните неколку седмици.
Неговата необична колиба на дрво е лоцирана среде една шума која се наоѓа во близина на Портланд.
Всушност, тој направил две поврзани куќарки…
Една за гости, и една која ќе биде негов дом.
Kуќата има WiFi, одлична покриеност за мрежа на мобилни телефони и топла када од соништата.
Секако, задолжителен да се спомне е и неверојатниот специјален терен за скејтери.
Погледот пак, може да се каже дека е вистинска јагода на шлагот.