Заедно со состојките, денеска ви укажуваме како да го подготвите ова вкусно јадење.
За кора:
250 г. маргарин
250 г. шеќер во прав
5 јајца
5 лажици брашно
рендана кора од 1 лимон
300 г. вишни
150 г. мелени бисквити
цимет
За фил:
5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици мелени ореви
За посипување:
100 г. шеќер во прав
Кора:
1. Изматете маргарин со шеќер во прав и жолчки
2. Додадете 5 лажици брашно и рендана кора од еден лимон и миксирајте додека не добиете изедначена смеса.
3. Белките изматете ги во цврст снег, соединете ги со претходната смеса и полека измешајте со лажица.
4. Вишните додадете ги во посебен сад, заедно со мешавина од мелени бисквити и цимет.
5. Земете тепсија, намачкајте ја со масло, ставете брашно и сипете во ја неа смесата за кора. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени. Кога кората ќе биде до полу печена извадете ја од рерната и прелејте ја смесата со вишните. Вратете во рерна и продолжете со печење, додека не зарумени.
Фил:
1. Посебно изматете жолчки со шеќер, додадете мелени ореви и снег од белки, па полека промешајте со лажица.
2. Подготвениот фил, пред крајот на печењето, сипете го врз кората и продолжете со печење додека не зарумени.
Финална постапка:
Печениот колач оставете го да се олади, прелејте го со шеќер во прав и исечете го на мали коцки.