Македонска фирма го освојува црногорскиот пазар

Македонската фирма „Мак Џинс“ со огромен успех започна да ги освојува пазарите надвор од земјава.

Тие во соработка со младата, но сè повеќе успешна маркетинг компанија „ВИА Маркетинг“  започнаа да се пласираат на црногорскиот пазар, каде беше забележан огромен интерес, најпрво во HDL маркетите, а потоа и пошироко.

Мак Џинс, во сопственост на Александар Маџаровски, со години наназад произиведува фармерки и тренерки со висок квалитет, па како такви се надеваат на огромни успеси и во иднина, како и проширување во рамки, најпрво низ целиот Балкан.

Според нив, успехот надвор од земјава е доказ дека се движат во вистинската насока, а главен мотив им се модата и квалитетниот материјал кој што традиционално го потврдува реномето на фирмата.

365 е секогаш тука да ги поддржи македонските производи кои што веќе докажале дека вредат и да им посака успеси и во иднина.

10579169_10153269453434186_1332650018_n 10805165_10153269455219186_1612518902_n

 

- Реклама -