Нормално е што повремениот секс и авантурата со непознати може да биде забавна и исклучително да се фантазира за истата, но сексот во врска има бројни предности.
Факторите се различни, но погледнете ги највлијателните.
Вашиот партнер знае што сакате
Секогаш е подобро крај себе да имате некој што ги познава вашите слаби точки и каде сакате да ве допира, а каде не. Партнерот со кој што сте во врска го познава вашето тело подобро од било кој партнер за една вечер, па макар се работело и за „секс машина“ или „секс бомба“.
Оргазмот е неверојатен
Сексот во врска им помага на жените подобро да свршат, а тоа го докажуваат бројни истражувања. Жените се чувствуваат пријатно пред некој кој го познаваат и знаат дека ги чува.
Испробување на нови нешта
Сигурно некоја „валкана“ идеја побрзо би ја споделиле со партнерот, отколку со некој кој што не ви е толку близок.
Галење
Кога сте во врска, сексот доаѓа во пакет со галење после чинот и убави насмевки.
Не е голем проблем кога ќе се случи нешто неочекувано
Под неочекувано, мислиме на непријатно. Ок. нам не ни е сеедно ни пред партнерот, но во таква ситуација можеме многу да се извадиме.