Научниците од Универзитетот на Северна Каролина развија технологија со која лебарки ќе помагаат во спасувачките операции, со тоа што ќе трагаат по знаци за живот во урнати згради.
За целта лебарките ќе бидат претворени во биороботи и ќе бидат опремени со чувствителни микрофони, кои се разликуваат значајно од останатите звуци, односно човечки глас од дупната цевка, на пример.
Тие ќе испраќаат локационен сигнал, па спасувачите на тој начин ќе разберат каде има затрупани луѓе.
Разработена е и технологија за „невидлива ограда”, која ќе ги држи во уништената зграда.
Екипата работи и врз сличен проект со пеперутки.