Новиот филм на Дизни собра на едно место многу познати лица на Холивуд, кои со задоволство зачекорија во светот на бајките.
„ Внимавај што ќе посакаш“… е мисла водилка на новиот филм на Дизни. „ Into the woods“ е инспириран од бајка на браќата Грим, во режија на Роб Маршал.
Во главната улога се најде жената што може да биде сè, феноменалната Мерил Стрип, која е сосема непрепознатлива во маската.
„Шумата ги натерала ликовите да разберат што навистина сакаат во животот. Темата е „внимавај што ќе посакаш“ во насока на она што го имаш, бидејќи последиците можат да бидат многу опасни“, вели Емили Блант која глуми во новиот Дизни спектакал.
Погледнете повеќе за актерската екипа и филмот, тука.