Можеби некому насловот погоре му звучи нереално, но да, ова е една од најголемите скриени желби на припадничките на (во случајов) посрамежливот пол.
Поконкретно станува збор за порно инспирација.
„Сакам да гледаме заедно порно и да повториме нешто што ќе ни се допадне“ .
Една храбра и слободоумна жена може едноставно да му каже на партнерот дека чувствува слична желба. И тој најверојатно ќе се согласи и дури ќе биде пријатно изненаден. Но ако сè беше толку едноставно, немаше да постои овој напис. Ако ви е тешко да се одлучите да му ги кажете на партнерот фантазиите при разговор очи во очи, напишете му порака со предлог за вечерта да гледате заедно еден поинаков филм. За да не си помисли дека станува збор за некоја категорија што нему никако не би му се допаднала, едноставно испратете му линк до видеото.
Можно е сепак оваа идеја да не му се допадне.
Порното е многу интимна зона, а партнерот може да се исплаши од сопствените реакции при гледањето – дали нема да му се налутите поради ерекцијата што ја добил гледајќи друга жена? За надминувањето на сите комплекси, разговарајте по ова прашање однапред и официјално „дозволете му” на мажот да се возбуди. Вие исто така излезете надвор од ваквите ставови, иако промените на вашето тело не се впечатливи толку на очи. Ако и покрај сите ваши трикови партнерот одбива да гледа порно со вас, погрижете се да реагирате смирено на тоа. Немојте да се лутите и да правите скандали – женските бурни реакции се пријатни само во кревет. Ќе мора да го прифатите фактот дека партнерот има свои табуа и граници. Не инсистирајте непотребно – може некој ден тој самиот да си ја смени одлуката. Замолете го да ви каже, ако случајно се предомисли.
Пред да одберете некој филм, направете и проценка колку е истиот реален за вашите вештини, и за крај, предложете му го ова на партнер со кој сте заедно подолго време и веќе имате воспоставено однос да разговарате на буквално секакви теми во однос на сексот.