Никогаш не би знаеле кога ќе ни затреба.
Замислете, се одлучувате да одите некаде на кампување, мислите дека сте понеле се, меѓутоа заборавате на најважното, батериска лампа.
Никаков проблем, доколку имате со вас нож или ножици, конзерва од туна, ќибрит или запалка и неколку салфетки, не треба да се грижите.
Издупчете дупка на конзервата, доволна големина за да можете да ставите парче свиткана салфетка, а потоа да ја запалите. И тоа е тоа, вака направената свеќа може да трае 2 – 3 часа, а дополнителен бонус е тоа што кога ќе изгори хартијата, можете да ја изедете туната.
Погледнете инструкции во ова кратко видео.