Девојките кои се наоѓале во состојба на стрес или имаат во семејството луѓе кои што страдаат од депресија, стареат побрзо од останатите припаднички на понежниот пол, кои немаат психолошки проблеми во семејството,пишува списанието. Medical News Today.
Американските научници ја докажаа врската помеѓу стресот, депресиите и предвременото стареење. Причината е во кратки теломери – заштитни структури на крајот на хромозомот. Со стареењето теломерите стануваат пократки. Колку пократки се тие, толку побрзо умира човек. Теломерите можат да стануваат пократки поради оксидативен стрес и други процеси, штетни за ДНК-то. До неодамна научниците се уште не знаеја каква е причината – стресот и депресијата или скратувањето на должината на теломерите.
Иан Готлиб и неговите колеги од Универзитетот Стенфорд се обиделе да утврдат со тоа што ја анализирале состојбата на 97 девојки на 10-14 години, кај кои не е забележана депресија, но се наоѓале во ризични групи, бидејќи член на семејството бил болен од оваа болест. Имало и контролна група. Сите учесници во истражувањето на Универзитетот Стенфорд биле подложени на стресни тестови и им раскажале на научниците за стресни ситуации во животот. Пред и по тестовите биле мерени нивото на хормонот на стресот, на кортизол. Се покажало дека девојките на 12 години со висок ризик од депресија биле со пократки теломери (еквивалентно на 6 години). Очигледно, средните теломери претходат на развивање на депресија. Освен тоа, кај овие тинејџери била забележана голема реактивност на кортизол, како одговор на тестовите.