Филм базиран на Гинисовите Светски Рекорди

Очигледно бидејќи Battleship беше успешен Warner Bros планира да направи акционен филм кој ќе биде базиран на Гинисовата Книга на Рекорди. Најдолгата брада во светот во борба против најголемата колекција на капачиња од шишиња пиво, кој ќе победи?

Warner Bros. преговара за добивање на филмски права за Гинисовата Книга на Рекорди и има намера да го претвори овој каталог во акција-авантура. Дени Чун, писател и продуцент на The Office, добил задача да најде приказна во книгата.

Иако ќе биде потребна многу работа за наоѓање на добра приказна јасно е дека Warner Bros. се подготвени да се обидат. Идејата за книгата потекнува во педесетите кога управникот на Guinness Breweries Сер Хју Бивер бил опфатен во расправа за тоа која е најбрзата дива птица во Европа.

Кога не успеал да ја реши дебатата тој сфатил дека книга која ќе собира такви податоци би била многу популарна. Книгата ги надминала очекувањата и во наредните децении се проширила во неколку музеи, телевизиски серии и видео игра. Проектот на Warner Bros. е наменет за завршување на оваа низа.

Студиото има намера да ја претвори книгата која се печати секоја година во акционен филм кој би бил многу популарен Еден очигледен почеток би бил филм за луѓе кои поставуваат рекорди, но кој знае што би создал Чун. Со оглед на неговот резиме се чини дека филмот ќе има и здрава доза на хумор. Тој поминал пет години како писател на The Simpsons, од 2004 до 2009, и има работено на The Office од шесттата сезона. [Warner Bros. trying to turn ‘Guinness Book of World Records’ into an action movie because of course it is]

- Реклама -