Ова се најчестите грешки кои што ги правиме при подготовка на овој омилен дотаток додаток во храната и како да ги спречиме.
1. Изберете прав компир
Грешка: Пирето го правите со компир што го имате при рака – млад или стар, бел или црвен – вас ви е сеедно.
Како да ја исправите: За подготовка на пире од компир потребни ви се плодови со висок процент на скроб – т.н. брашнасти компири кои се совршени за стискање.
2. Исечете го компирот на коцки
Грешка: Компирот го готвите со кора, или целите излупени плодови ги ставете ги вода што врие. На компирот на овој начин потребни му се минумим час и пол.
Како да ја исправите: Излупете го и измијте го компирот, па потоа исечете го на коцки отприлика иста големина и ставете ги во ладна посолена вода, за сите парчиња да се зготват во исто време. Оставете ги на оган, додека не започнат да се распаѓаат.
3. Рачно гмечете го компирот
Грешка: Мислите дека недоволно сварениот компир ќе го претворите во лесна смеса со помош на блендер. Тоа е најлошото нешто што можете да му го направите на еден компир. Блендерот ќе го претвори во леплива смеса налик на лепак.
Како да ја исправите: Компирот исцедете го од вода, па вратете го во врелиот сад во кој што се готвел. На тивок оган „дехидрирајте“ го компирот од остатокот од влажност, па варејќи почнете лесно да ја мешате и гмечите смесата. Потоа истата претворете ја во пире со помош на лажица за компир.
4. Дарежливо со млекото
Грешка: Многумина не сакаат воденсато пире, па во компирот ставаат минимално млеко, павлака за готвење или путер, поради што конечниот резултат е прилично тврд, и малку „дрвен“.
Како да ја исправите: Загрејте млеко или павлака за готвење па обилно прелејте врз компирите. На тивок оган нежно мешајте ја смесата додека состојките не се соединат, и ја добиете текстурата која ви одговара. Не грижете се, компирот ќе го впие „вишокот“ од млеко.
5. Додадете зачини
Грешка: Вашето пире има многу неутрален воденкаст вкус.
Како да ја исправите: Не се плашете добро да го зачините компирот со бибер, а слободно додадете и некои други зачини по желба. Завршете го готвењето со некој мек путер што ќе разбуди вкус на вашата магија.