Грандиозно футуристичко одморалиште за еко туризам

Големиот Какун би можел да биде првиот луксузно одморалиште за еко туризам кој одговара на енергетската криза и глобалното затоплување.

Огромниот комплекс е платформа над морето, лоциран во Мексико, дизајниран од Проф. Арх. Ричард Морета Кастило кој е инволвиран во зелената архитектура веќе долго време.

Grand Cancun

Ова е визија за 2020 година каде какун ќе ја прослави својата 50-годишнина од основањето, симбол или меморијална скулптура која е адаптирана од „Kaan Kun“ или Гнездо на змии, исто како магичната легенда на Змијата Бог на Маите.

Grand Cancun

Оваа прекрасна еко архитектура придонесува кон митот и издигнувањето на змијата од водата до бесконечноста (легендата на „Kukulkan“, Бог на Маите), голема застапеност на исклучителна хармонија меѓу Маите и нивната нова метропола.

Grand Cancun

Овој концепт-архитекрура била инспирирана од борбата против глобалното затоплување, насочува на проблеми со кои би можеле да се соочиме, како недостиг на вода, загадување на крајбрежните брегови поради ѓубре, јаглеводороди како последица од пренатрупаниот морски сообраќај, и просторот.

Grand Cancun

Големиот Какун ќе стане првата платформа на море која ја опоравува, наместо да ја искористува својата животна околина, користејќи го платформа концептот наместо вештачки остров, на тој начин создавајќи повеќе простор со помал допир со морскиот еко систем.

Grand Cancun

Огромната зграда ќе биде со целосно самодоволна, ќе има хотели, центри за конвенција, трговски центри, кина и многу повеќе забавни концепти кои ќе овозможат ултимативно искуство и гостопримство.

Grand Cancun

Стапката на застапен јаглерод е нула, додека обезбедувањето на градот со чист воздух, вода и енергија е од обновливи извори. Но, крајната цел е да помогне во чистење на морињата, користената технологија ќе ја одвојува водата од јаглеводородите и лебдечките материи.

Grand Cancun

Соларните панели и вертикалните ветерни турбини помагаат во избегнувањето на визуелното загадување на животната средина, а зградата исто така ќе ја апсорбира плимата и енергијата од брановите, собирајќи ја и повторна употребувајќи ја дождовницата. Тоа е многу амбициозен проект, нели?

Grand Cancun

Големиот Какун не е само извонредно дело на инженерството, но и видливо и проактивно решение за потребите, желбите и аспирациите на град кој гледа кон иднината.

Grand Cancun

Grand Cancun

Grand Cancun

Grand Cancun

Grand Cancun

Grand Cancun

Grand Cancun

- Реклама -