Еден човек мечтаел за подобар живот. Не му се допаѓала куќата каде што живеел, облеката што ја носел. Воопшто, ништо од она што го опкружувало.
Прашувал, зошто некои имаат сè, за што сонуваат, а тој нема ништо.
„Само ако имав убава куќа, убава жена и многу пари, би можел да бидам среќен” – мислел тој по цели денови. И еднаш сретнал волшебник.
– Ги слушнав мислите твои – рекол волшебникот. – И јас сум подготвен да ти помогнам. Кажи ми што сакаш и ќе ти ја исполнам желбата.
Мажот одново не можел да поверува на среќата:
Едноставно да побарам и сето тоа да ми се исполни, но сигурно ќе сакаш нешто за возврат?
Волшебник одговорил дека ништо не му треба.
– Ти се молиш одамна и помислив дека знаеш што ти е потребно. Едноставно посакај и ќе се оствари!
– Одлично! – се израдувал се мажот. – Ми треба голема луксузна куќа. Жена – убавица, но да умее и да готви. Потребно ми е уште да имам секогаш многу, многу пари!
– Добро! – рекол волшебник. – Сега оди да се наспиеш и кога ќе станеш утре, ќе го имаш сето тоа.
Навистина, следното утро мажот се разбудил во голем, раскошни дом, го пречекала заслепувачка убавица, а појадокот веќе бил подготвен. Сето тоа било одлично. Во банката имало отворена сметка на негово име и колку и да повлечел од неа, таа постојано се пополнела.
Отпрвин мажот не можел да поверува дека тоа му се случува нему. Тој бил едноставно пресреќен! Но, минувале денови и месеци, во неговиот живот ништо не се менувало. И тој не можел да разбере што е она што му недостасува, што може уште да му биде потребно, кога има сè.
Повторно почнал да го повикува волшебникот.
– Зошто не сум среќен, откако имам сè? – го прашал мажот волшебникот кој се појавил повторно.
– Јас исполнив сè што побара. Уживај во среќата!
– Не можам. Се чувствувам осамен во овој огромен дом. Најубавата жена не ме радува, парите не ми носат задоволство. Зошто? Одговори ми, волшебнику!
– Ти побара дом, но не и топлина и комфорт во него! Побара убава жена, но не и љубов и разбирање! Побара пари, но не и слобода, сила и радост!
Мажот се израдувал: – Ти благодарам! Сега ми стана јасно и го сакам сето тоа. Дај ми го!
– Епа, штом си разбрал, оди и создади го сам! – рекол волшебник и исчезнал.
Мажот се разбудил во претходниот дом, сам, без жена и пари. Но затоа пак ги поседувал увереноста и знаењето за тоа што навистина сака во животот.