Декор во домот – историјата на семејството низ фотографии

Речиси не постои човек кој не сака фотографии, особено оние кои се поврзани со неговото семејство. За жал, со доаѓањето на дигиталните фотографии  драстично го зголемивме бројот на сликите што ги правиме, но ја загубивме вистинската врска со нив.

Складираме стотици, дури и илјадници слики во компјутерите и телефоните, но не сфаќаме како со едно погрешно движење може да ги изгубиме засекогаш. Недостатокот на потреба да одиме во фотостудио, постепено ги промени навиките  и ние речиси заборавивме што претставува магијата на вистинските слики.

Замислете да направите ваша изложба. Звучи смешно, но оваа идеја е токму тоа – своевидна изложба на семејни фотографии. Локација – вашиот дом. Време – безвременска.

Купете различни по големина рамки и наредете ги внимателно на ѕидот.

Резултатот е неверојатен. Доколку имате деца тие ќе бидат исклучително среќни да ги видат своите родители како мали, да бидат сведоци на вашата венчавка и повеќе важни моменти од минатото. Да ги видат своите баба, дедо…

Тоа може да стане вашето омиелно катче во домот. Можете да ги менувате фотографиите, позициите. Неговото создавање може да создаде хармонија и љубов.

Во оваа насока, 365 избра за вас и неколку примери.

Се надеваме дека внесовме доза инспирација во вашиот ден.

wall-portrait-family Screen-Shot-2012-09-30-at-10.05.49-PM l_3df5a480-0f69-11e2-a2c3-bb05b3000008 fotos-de-familia-em-arvoe-na-parede family-picture-gallery-walls f031223ddcf242124ad254f3b1e5ac04 ee0068278e1d233462232771758d12e9 e09bec6345338bfdab802e08cd831964 DSC_1440 DSC_0305 decoração-de-paredes-com-fotografias-14 decoração-de-paredes-com-fotografias-6 c4d2734967f48ef8e47b1f648704fc1b b8a0583119a3ab299b27af14b31d7535 ad9bd93cbd2175d1296ee9afe6e6da01 34cd292bd93116f0849822b26787a29c 9d40b9e076bd869c2ca4405965e3c77f 7ae72fe36a4a61a55a97cd312cf8056d 6a00d83452b82f69e20128767a91d3970c-800wi

 

- Реклама -