Сигурно многу пати до сега ви се случило да стоите пред ормар полн со гардероба, а сепак да мислите дека немате што да облечете. Меѓутоа, кога е модата во прашање, добитната комбинација гласи „помалку е повеќе“, а во тоа ќе се уверите и од ова видео.
Се што ви е потребно се овие 7 парчиња облека: бела кошула, здолниште со крој „А“ и фалти кое одлично прилега на секоја девојка, фармерки, мал црн фустан, кожна јакна која додава „шик“ на секоја комбинација, црно сако, и на крајот, марама.
Без разлика дали станува збор за одење на работа, или пак за некое полежерно излегување, овие парчиња ќе ви овозможат комбинации со кои во секоја прилика ќе изгледате дотерано, елегантно и беспрекорно.