Apple SIM и смртта на стандардната SIM картичка

По последниот масовен настан на Apple, што ги претстави новите производи и идеи на американската компанија, многу корисници не се стрпија и почнаа да ги разгледуваат подетално веб страниците на Apple, како и да пишуваат возбудени коментари во форуми за дискусија.

Меѓутоа, сите не успеаја да забележат една од најважните идеи на Apple – нивниот начин за укинување на постојниот „статус кво“ на поседување на SIM картичка: она што тие го нарекуваат Apple SIM.

Реално Apple секогаш го мразеле стандардниот модел на употреба на SIM картичките. Уште првиот iPhone користеше специјален држач за SIM картичката. Apple покажаа дека не им се допаѓаат стандардните SIM картички при стандардните видови. Првиот iPad беше и првиот уред што масовно користи помалку стандардна micro-sim (3FF), а во 2012 година во новата генерација беше воведена nano-sim (4FF), која е уште помала

Еволуцијата на SIM картичките - од лево кон десно се претставени стандардниот големина (1FF), mini (2FF), micro (3FF) nano (4FF)
ЕВОЛУЦИЈАТА НА SIM КАРТИЧКИТЕ – ОД ЛЕВО КОН ДЕСНО СЕ ПРЕТСТАВЕНИ СТАНДАРДНАТА ГОЛЕМИНА (1FF), MINI (2FF), MICRO (3FF) NANO (4FF)

Предноста на постепеното намалување на SIM картичките е дека тие бараат помалку простор за монтирање. На овој начин производителите можат да создадат помали и потенки уреди. Дизајнот на Apple секогаш се држел кон елеганција според филозофијата на инженерскиот тим, што е и мотивацијата за постојаното намалување на SIM картичките.

Алтернатива, која повторно беше наметната во некои случаи од Apple, е употребата на вградена SIM картичка. Наместо клиентот сам да става SIM  која ќе се идентификува со конкретен оператор, уредите се купуваат и регистрираат во процесот на купување од страна на операторот. Ова не само што ја елиминира потребата од создавање на определено место за поставување на картичката, туку им олеснува на корисниците значително, особено кога картичките не ставаат правилно. Кај некои уреди може да се добијат механички дефекти, кои го нарушуваат интегритетот на уредот.

Apple во оваа врска претставија и евентуално ново решение на проблемот со SIM картичките што тие го нарекуваат Apple SIM. Тоа се поднесува преку новите модели iPad Air 2 и iPad Mini 3 со LTE модул, кои се шират во САД и Обединетото Кралство.

Apple SIM е препрограмирана SIM картичка која работи заедно со iOS. Преку менито за поставки во уредите се избира операторот кој што клиентот го користи. Погодности во случајот се дека не е потребно отстранување и вметнување на различна SIM картичка, а корисниците можат да комбинираат користење на неколку различни свои постпејд и припејд планови од мобилните оператори во еден уред.

За моментов оваа погодност се нуди само на овие модели, но е многу веројатно Apple ќе го развијат овој систем заедно со зголемувањето на корисничкиот интерес. Ќе биде интересно да се види и дали Apple би примениле некој вид контрола врз изборот на оператори, на пример преку договори или спогодби. Ако оваа идеја стане популарна, можно е и други производители да користат ист или сличен принцип кој навистина ќе го промени начинот на работа со мобилните оператори.

- Реклама -