Работите со доверливи податоци? Читате доверливи документи кои не сакате луѓето околу вас да гледаат? Или поточно сакате да истражувате повеќе пикантни интернет сајтови, без да си ја уништите репутацијата пред околните?
Еве како можете да си направите таен монитор кој никој друг освен вас нема да го гледа.
Погледнете што прави познатиот YouTube илузионист Brusspup, за да се постигне овој ефект.
Тој користи стандарден поларизиран филтер кој што го има секој монитор, за да направи ја содржината на екранот невидлива. Потоа прави специјални очила со истиот поларизиран филтер за да ја дешифрираат сликата. Така сето она што е на екранот е видливо само за вас. И наместо да изгледате како лудак кој гледа чудни работи на интернет, ќе изгледате како лудак кој зјапа во празен бел екран.