Неверојатен музички спот за лица со оштетен слух

Ова видео докажува дека музиката може, барем донекаде,  да биде претставена визуелно.

Видеото е создадено за песната на Адел – „Rolling In the Deep“, специјално за публиката со оштетен слух.

Актерите со неверојатна експресивност ги пренесуваат емоциите и ритамот на песната.

Тие дури и ја „пејат“ на американски знаковен јазик, додека текстот светка ритмички на екранот.

Видеото е реализирано од цел тим на професионалци, како зад камерата, така и пред неа.

Овој подвиг е еден од ретките и најуспешни обиди да се приближат луѓето со вродена глувост до светот на музиката.

Погледнете.

- Реклама -