Microsoft минатиот месец ја објави OneNote апликацијата, но тука не застанува подршката за Google паметните часовници.
Компанијата пушти прототип-тастатура за часовникот – Analog Keyboard, која го користи екранот за внесување на текст со цртање на буквите. Со истата сакаат да направат револуција во пишувањето на паметен часовник, за кој некако е незамисливо да се вгради тастатура, а ќе биде конкурeнт и на гласовното внесување на текст во ситуации во кои не би сакале да му “зборувате” гласно на уредот.
Тастатурата на Microsoft Research ги поддржува уредите со резолуција од 320 на 320 и Moto 360, а може да се користи за внесување на букви (засега само мали), бројки и специјални карактери. Апликацијата е веќе достапна, но за инсталација на истата е потребно да се направат повеќе посложени чекори, посебно за Moto 360 на кој недостасува USB приклучок.
Се прашуваме дали би овозможила внесување на кирилични букви?
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk