Јазикот на телото, за разлика од вербалната комуникација, нема правила. Има, меѓутоа, суптилни невербални знаци, кои често ги правиме, без да сфатиме дека можат да имаат силно влијание врз другите.
Еве неколку вообичаени, но помалку познати невербални сигнали:
1. Треперење на веѓите
Брзото подигнување на веѓите, се случува често без наше знаење, кога ќе видиме некој што го познаваме. Но, на свесно ниво можеме да го користиме треперењето на веѓите како брз и дискретен поздрав. Психологот етолог, Ајбал Ајбесфелд го проучувал овој гест и тврди дека тоа е универзален знак за препознавање.
2. Проширувањето на зеницата
Голем број истражувања утврдиле дека кога жените гледаат фотографии од мажи, кај оние што им се попривлечни им се зголемува зеницата. Овој ефект е познат барем од времето на древните Египќани, кога жените ставале во очите капки од отровните растенија беладона, за да ги прошират вештачки зениците.
3. Гестот „сад”.
Тоа е гест со кој рацете ни се придвижуваат симетрично и синхроно нагоре, формирајќи нешто како сад. Често се користи кога човек сака да илустрира разбирање – со тоа што ни вели: „Еве, сè е тука пред мене.” Обично се смета многу позитивно од набљудувачите, и влева чувство за мудрост.
4. „Лажната” насмевка.
Детално истражување на Пол Екман и неговите колеги го докажуваат јасното разграничување меѓу вистинските насмевки – покажувањето на искрена и лажна радост се гледа во очите. Оние кои вистински се смеат, го прават тоа и со очи, не само со усните.
5. Гестот на диригентот
Тој вклучува собрана тупаница, со палецот, кој е свртен нагоре и е ефективна алатка во разговорот – става акцент на позитивен начин. Ако ги погледнете говорите на некои политичари, ќе видите дека многу од нив често го користат. Од друга страна, многу познавачи на јавното гоорење, не ја порачуваат тупаницата, тврдејќи дека симболизира наметната моќ.