Првиот банкомат во главниот град на Сомалија предизвика еуфорија меѓу жителите.
Автоматот за повлекување на пари се појави во хотел во центарот на Могадишу и предизвика вистински шок меѓу Сомалијците. Многу од нив за прв пат во својот живот гледаат банкомат.
Клиентите на банката велат дека се чувствуваат непријатно при „комуникацијата” со уредот. Банкарскиот сектор останува неразвиен по двете децении на конфликти во земјата.
Република Сомалија, е растргната со години од вооружен конфликт, а престана да постои како унитарна држава во 1991 година со падот на режимот на Сиад Баре. Во некои региони на југ и на североисток, Сомалија е управувана од локалните кланови и радикални исламистички движења, вклучувајќи ги и оние поврзани со терористичката група „Ал Каеда”.