Богатите се пакуваат и се селат во подземјето?

Овие денови по многу медиуми повторно е актуелна теоријата на заговор за подземни скривници во кои светската елита планира да се сокрие во случај на голема катастрофа.

 

Подземните домови  предвидени во случај на големи природни катастрофи, или нуклеарни напади не се нешто ново. Но, ново е тоа што се повеќе се зборува како истите се полнат со храна, а некои богаташи деновиве се преселиле внатре со своите семејства.

Познатиот „теоретичар на заговори“ Џим Марс тврди дека банкарската елита забрзано се подготвува за апокалипса и се прашува што толку големо се случува со светот.

Што е она што тие го знаат, а јавноста не? Дали нам ни се заканува голема природна катастрофа или хаос на финансискиот систем?

Тие прашања се секогаш без одговор, кога станува збор за теориите од овој тип.

Иако се работи само за заговор, поради што целата приказна треба да се земе со резерва, некои  информации дефинитивно загрижуваат.

Така, поранешниот службеник на Агенцијата за национална безбедност на САД, неодамна во јавноста изнесе информации за тоа дека важни луѓе од оваа агенција се селат „во подземна зона на безбедност“. А тоа е еуфемизам за градови и планини кои содржат доволно количество на вода и храна за неколку години. „Подземниот комплекс“ е огромен и вооружан со алтернативни средства за комуникација.

Можеби ова е само интернет приказна која ќе биде заборавена за неколку месеци, а можеби и не?

- Реклама -