Со чуден говор од Харвард изјавија: „Дрвото – џуџе е сепак дрво и хрчакот џуџе, сепак е хрчак”
Некогаш имаше 9 планети. Но, во 2006 година Меѓународниот астрономски сојуз пресуди дека една од нив не е планета, откако ја лиши Плутон од нејзиниот статус, велејќи дека е премногу мала за да поседува суштинска гравитација.
Плутон беше деградирана на нов, второстепен статус на „планета-џуџе”, пишува „Independent”.
Така останаа 8 планети. Решението не се поднесе најдобро од јавноста. Некои аматери и астрономи, изјавија дека тоа е доста дискутабилно. Така, на пример Харвард -Смитсоновиот Центар за Астрофизика изјави дека „плодовото дрво-џуџе е сепак плодово дрво и дека хрчакот џуџе сепак е хрчак” и предизвика дебата.
Резултатот е: „Плутон е планета”