Интересно е да внесете малку од есента и зад затворените врати.
Она што ова годишно време го има во изобилство се златните лисја. Сте помислиле ли некогаш колку креативно можете да ги искористите истите во вашиот дом.
За почеток ќе ве научиме како да си направите есенски фенер.
ЕСЕНСКИ ФЕНЕР
Што ви е потребно за овој направи сам проект?
Тегла
Есенски лисја
Свеќа
Лепак
Подготовка:
Земете тегла и од надворешната страна на теглата залепете неколку есенски лисја.
Потоа ставете свеќа во внатрешноста на теглата.
Ќе бидете изненадени каква светлина ќе добие вашиот простор.
Ако ви се допадна оваа идеја, следува уште една…
САД ОД ЕСЕНСКИ ЛИСЈА
Потребни ви се:
суви лисја во саканата форма
лак за коса ли безбоен авто лак во спреј
дрвофикс
длабок сад
балон
четка
Подготовка:
Внимателно извадете ги гранчињата, од двете страни испрскајте ги сок лак за коса или безбоен авто лак спреј.
Откако ќе се исушат, во мал сад измешајте дрвофикс и вода, внимателно премачкајте ги со смесата од лепак и вода.
Оставете еден ден да се исуши, по желба може и повторно да испрскате со безбојниот авто лак, за дополнителен сјај и вашиот сад е подготвен за користење.
Потоа го пукате балонот, а вашите листови остануваат цврсти. Ги сечете во посакуваниот облик, во форма на сад, оставајќи ја подлогата.
За крај уште нешто што можеби ќе ве инспирира.