На некој толку му се смачило што решил да го едитира видеото од шоуто и да го сведе само на моментите каде што навистина се случува нешто важно. Се работи за американската верзија на „Тркало на среќата“, но сепак, каде и да се емитуваат, ваквите шоуа се базирани на ист принцип.
Како и да е, без рекламите, без сите оние непотребни муабети и форсирани моменти на исчекување, шоуто трае… само 3 минути! Ех, кога целата ТВ програма би била ваква…