Koи се најсигурни половни автомобили во Германија?

Германската агенција за технички надзор (GTU) спроведе истражување во рамките на кое беа избрани најсигурните и соодветно најнедокажаните половни автомобили.

Експертите ги групираа возилата во 7 различни класи, а секоја од нив беше поделена на 4 старосни категории. Рангирањето е основано на индекс пресметан во зависност од просечниот за секој модел број на дефектите, фиксиран на 100 возила. Меѓу компактните автомобили до три години со најмалку оштетувања се покажаа моделите на Kia, Toyota и Peugeot. Кај поголемите лидери се претставници на германски компании. Првите места по сигурност при спортски автомобили се исто така за возила на производители од Германија.

Во категоријата од 1 до 3 години кај градските автомобили лидер е Kia Rio со 1,69 оштетувања на 100 возила, а кај компактните – Toyota Prius (2.34). Во средната класа води Peugeot 508 (2.72), при луксузните – Volkswagen Phaeton (0.74), кај спортските – BMW Z4 (0.56), ванови – Chevrolet Orlando (2.02) и  теренеци – Mercedes-Benz GL (1.29).

Во категоријата 4-5 годинии кај градските автомобили на чело е Audi A1 (5.35), при компактните – Audi A3 (7.49), во средната класа – Audi A4 (7.43), кај луксузните – Porsche Panamera (2.71),спортските – Audi R8 (1.18), ванови – Toyota Verso (9.70) и теренци – Lexus RX (4.36)

Во следниот група – 6-7 години, лидер кај градските модели е Toyota IQ (8.24), а кај компактните – Toyota Prius (12.44). Во средната класа на чело е Opel Insignia (13.03),  луксузните – Lexus GS / LS (17.11), спортски – Porsche 911 (8.53), ванови – Mercedes-Benz B-Класа (21.17) и теренци – Audi Q5 (8.51 ).

Прочитајте и:  Германската полиција се подготвува за немири на 7 октомври

Во последната возрасна група  8-9 години, кај градските автомобили на чело е Mazda2 (31.93), кај компактните – Toyota Prius (15.07), во средната класа – Lexus IS (28.76), спортски – Porsche Boxster/Cayman (13.86) луксузн – Lexus GS/LS (12.08), ванови – Mercedes-Benz B-Класа (27.93) и теренеци – Lexus RX (26.19).

На спротивната страна кај најнесигурните автомобили чело се претставниците на Dacia, па на француските Renault и Peugеot, како и на италијанските марки FIAT и Alfa Romeo.

На крајот на минатата година германската агенција за технички инспекции и сертификација (TUV) исто утврди најсигурни и најнесигурниавтомобили, а ги подели во 3 старосни групи – од 2 до 7 години. Во секоја од нив во Топ 3 за најсигурни автомобили беа дефинирани Opel Meriva и Toyota Prius.

- Реклама -