Три главни оружја на женското заведување

Заведувањето е игра во која е најважно да го употребите правилниот мамец во правилниот момент. Доколку сакате да станете неодолива девојка која успешно ќе го заведе секој маж, научете ги овие три основни правила кои ќе ве претворат во „секси манипулаторка“:

Глас

Нежен и невин, помалку груб и греблив, се само некои од „гласовните мамки“ со кои жените успешно со години наназад ги заведуваат мажите. Употребете го женскиот шарм и поиграјте си со гласот кој може да испрати мошне јасна порака.

Невербални пораки

Чекорите и допирите се најопасното оружје при заведувањето, но треба да бидет внимателни бидејќи претерувањето најчесто резултира со контра-ефект. Играта со косата и кожата, нанесувањето кармин на усните, или пак нежен, спонтан допир на неговата рака или рамена, се пораки со кои не можете да погрешите.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Поглед

Со погледот понекогаш можете да ги откриете вашите намери многу полесно отколку со зборови. На пример, доколку забележите привлечен дечко од спротива фокусирајте се на неговите очи, а кога ќе ви се сретнат погледите, погледнете на другата страна, а целата ситуација зачинете ја со нежна насмевка. Станува збор за игра на која не може да одолее ниту едно машко.

- Реклама -