Ова е шокантниот момент кога на бебе му било дозволено да ползи блиску до работ на стрмната карпа во Норвешка, за родителите да можат да сликаат фотографија за сеќавање како сувенир.
Облечено во розева облека и капа, младото дете било придружувано од четири возрасни, кои биле барем неколку метри одалечени од него, и ќе се соочеле со сигурна смрт ако бебето се стркалало на погрешната насока.
Туристот Фред Сиреваг, кој ја сликал застрашувачката фотографија во саботата попладне, вели дека не можел да поверува на очите кога ја видел таа глетка додека се качувал на Preikestolen, стрмна карма која има пад над 600 метри.
Тој за MailOnline изјавил: „Ја видов мајката која го ставаше бебето поблиску до работ и повлекувајќи се малку за другата девојка да може да добие чиста слика од бебето и Пулпит Рок во позадина.“ (Ова уште еднаш покажува дека не е секој за родител…)
Инаку Пулпит Рок е кула над фјорд во областа Форсенд и е едно од најпопуларните туристички атракции на Норвешка, со над десетици илјади туристи секоја година.