Столе Попов: Ова е веројатно мојот последен филм

На пресконференцијата по премиерата на филмот во режија на Столе Попов избила расправија меѓу  директорката на фестивалот „Браќа Манаки“, Лабина Митевска и Попов.

Тој го оценил отворањето на фестивалот како  „модна селска ревија“.

– Не сакам да ве навредувам, но јас така го доживувам тоа. Сите гости беа соодветно дочекани, а мене не ме пречека никој. Мислам дека сепак сум оставил нешто зад себе и за оваа држава за да не заслужам таков однос – ѝ се обратил режисерот на директорката на фестивалот, на прес конференција посветена на промоција на филмот „До балчак“

– Излегов затоа што сето ова ми изгледаше на мала селска приредба. Јас не знаев дека црвениот тепих е само за влегување, а не и за излегување, објаснил Попов додавајќи дека немал злобна намера со тој потег.

На тоа Митевска го замолила да не се служи со зборови како „селска приредба“ и му одговорила дека требало достоинствено да си замине и да не прави сцена пред ѕвездата гостинка, Жулиет Бинош, на што Попов истакнал дека воопшто не ја забележал актерката во тој момент и дека заслужувал, сепак, да и биде претставен.

Столе Попов – „Јас сум режисер, вие треба да знаете што е тоа“
Фото/ Ана Најдовска/365

Митевска по инцидентот: Односот на Попов е недоличен и неправеден

Директорката на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ преку писмено соопштение до медиумите реагира на утринскиот инцидент на пресконференцијата за филмот „До балчак“, на која режисерот Столе Попов го нарече отворањето на овој фестивал „селска манифестација“.

„Како фестивал се трудиме достоинствено да ги пречекаме сите гости и тоа секогаш да биде на рамноправно ниво. Tоа се однесува oсобено на македонските премиери, на кои им посветуваме особено внимание и почит. Однесувањето на дел од филмската екипа на До балчак сметаме дека е недолично и неправедно кон нас. Не постои светски фестивал кој бил вака навредуван од гостите. Доколку имало какво било недоразбирање, требало прво да ни се обратат нам за да го решиме на лице место, а не во јавноста намерно да се шират дезинформации и искривена слика за околностите. Ние како фестивал никогаш не поддржуваме тенденциозно правење скандали и никогаш нема да поддржуваме“, реагира Митевска.

Столе-Попов-прес-„До-балчак“-12

Долгови „до Балчак“

За неисплатените трошоци на „До балчак“ Попов изјавил дека не е само тој одговорен и дека дел од повиците треба да се насочат кон продуцентите. Ниту еден претставник од продуцентската куќа не бил присутен, додека директорот на Агенцијата за филм, Дарко Башевски, изјавил дека во план е долговите да се исплатат со заработката која ќе ја има филмот при продажбата и дистрибуцијата.

Последен филм

– Бев упрен, постојано предложував сценарија. Не е дека не се трудев, но не добивав ни повратен одговор. Не можев да работам во оваа земја, не ми даваа шанса, истакнал режисерот.

Тој додава дека е задоволен од финалниот производ на филмот и упати голема благодарност кон актерите кои рече дека се еден од насјветлите моменти. На крајот, тој рече дека има 64 години и дека ова е најверојатно негов последен филм.

Фото/Радован Вујовиќ/Телеграф

- Реклама -