Интересно е тоа што жената немала сериозни проблеми со моторната и когнитивната функција, што сведочи за високите индивидуални карактеристики на големиот мозок.
Случајот опишан во списанието Brain е првиот документиран во научната литература на слична патологија. Во претходни девет случаи времетраењето на животот на пациентите било многу кратко и недостатокот на мал мозок се утврдувал при обдукцијата.
Во сегашниот случај младата жена отишла во болница со поплаки за вртоглавица и гадење. Говорот на жената не бил многу разбирлив, а освен тоа таа отсекогаш имала проблеми со одењето.
Мајката на пациентката раскажала дека нејзината ќерка почнала да стои исправена без помош едвај на 4-годишна возраст. Девојката успеала да проговори само на 6 години и никогаш не е одела на училиште.
Во исто време младата жена била нормално друштвена, подоцна се омажила и има дете, а прекршоците во моторната и когнитивната функција биле оценети од лекарите како „среден степен”.
Компјутеризираната томографија покажала комплетен недостаток на мал мозок. Местото на исчезнатите ткива било исполнето со течност. Авторите на студијата истакнуваат дека сите отстапувања утврдени кај жената, се значително помалку изразени, од колку што можело да се очекува при отсуството на толку важен дел, како малиот мозок, што зборува за висок степен на пластичност и персонализација на карактеристиките на главниот мозок.
Според научниците функциите на малиот мозок биле пренасочени меѓу другите делови на мозокот.
Малиот мозок зафаќа околу 10% од вкупниот волумен на мозокот и содржи речиси 10% од сите неврони. Тој е дел од главниот и одговорен за координација на движењата, регулирање на рамнотежата и мускулниот тонус. Покрај тоа, се претпоставува дека овој дел од мозокот е поврзан со мускулната меморија.