Според Daily Dot, околу 5 милиони хакирани акаунти и пасворди на Gmail биле објавени на извесен руски форум. Листата е оттогаш симната, а воопшто нема трага дека самиот Gmail сервис бил хакиран. Изворите велат дека многу од информациите што протекле се прилично стари, но сепак, околу 60% од пасвордите се сеуште валидни (што е многу сериозен проблем).
За да проверите дали вашиот Google акаунт е безбеден, се што треба да направите е да ја впишете вашата e-mail адреса во оваа веб-алатка. Ако сте параноични, можете да замените неколку карактери од адресата со ѕвездички, а алатката ќе ви ги прикаже сите можни совпаѓања. За да го направите тоа, кликнете ТУКА (ако страната не се отвара, тоа е затоа што има премногу посети. Почекајте и пробајте одново).
Се разбира, промена на пасвордот никогаш не е лоша идеја, па ниту сега. Истото важи и за опцијата за „двојна проверка на автентичноста“ што ја нуди сервисот (внесување на тел. број или алтернативна e-mail адреса). Подобро е да е уклучена.