Истражувањето кое го спровеле јужнокорејски уролози од универзитетската болница во Инчеон и Сеул засекогаш ќе го промени начинот на кој што гледаме на рацете кај посилната половина.
Како што пишува Дејли мејл студијата открива дека десната рака кај мажите говори многу за нивната плодност.
„ Колку што е домалиот, четврти прст на десната рака подолг во однос на показалецот, толку се и тестисите поголеми, па со самото тоа и ефикасни што се однесува до плодноста“, наведуваат истражувачите на основа на податоците собрани од 172 мажи на старост од 20 до 69 години. Тестисите имаат, во просек, од три до четири сантиметри по должина и од два до 2, 5 сантиметри по ширина, а тешки се помеѓу 20 и 25 грам.
Во раните истражувања е воспоставено дека поголемите тестиси содржат повеќе Сертолиеви ќелии, кои што го обезбедуваат производството на спермата. Јужнокорејските научници истакнуваат дека староста и висината на мажите немаат никаква врска со големината на неговите тестиси.