Редовните оргазми го тренираат мозокот

Луѓето кои што често доживуваат оргазам го тренираат мозокот. Научниците докажаа дека во овој прекрасен момент, тие не само што доживуваат задоволство, туку и придонесуваат за подобра мозочна активност, пишува The Times of India.

Всушност позитивниот ефект за мозокот за време на оргазам е подобар од оној во моментот на  решавањето на задачи  или судоку.

Професор Бери Комисарук е убеден дека интелектуалните вежби ја зголемуваат мозочната активност, но само во одредени области, додека оргазмот има генерален ефект.

Покрај тоа, тој го блокира чувството на болка.

Тајната се состои во тоа дека при оргазам се зголемува дотокот на крв во мозокот, а заедно со крвта во мозокот спаѓаат сите важни хранливи материи и кислород.

Од оваа гледна точка, оргазмот претствува еден прекрасен начин да се заштитиме од невродегенаративните болести, убеден е професорот.

 

- Реклама -