Истражување на специјалисти од Универзитетот Оксфорд открива дека бакнежот на првиот состанок може да го определи времетраењето на врската.
Авторите објаснуваат дека учеството на две важни сетила кај овој вид интимност – мирисот и вкусот, водат до итно одобрување или неодобрување на потсвесно ниво.
Британските експерти им препорачуваат на барателите на нова љубов да се бакнуваат.
Првиот бакнеж треба да биде “вообичаен” – лесен, но и вкусен. Ако по првиот состанок партнерите се уште се потпираат на доживувањето од бакнежот, значи дека се подготвени да се видат повторно.