Очигледно проблемот со претерано крадење на велосипеди не постои само кај нас, па така, три студенти од Чиле, идни инжинери, креирале модел на велосипед за кој тврдат дека е невозможно да се украде.
Дизајнот на прототипот наречен „Yerka“ и беше неодамна претставен на јавноста. Велосипедот има сопствен систем на заклучување, а самата негова рамка служи како катанец.
Евентуалните крадци на овој начин би можеле само да го искршат превозното средство, но не и да успеат да побегнат со него.
Студентите Хуан Монсалво, Андрес Рој и Кристобал Кабело се надеваат дека нивниот изум ќе се најде на пазарот веќе од наредната година.