Не е премногу да се каже дека домот на Фој и Луиза Браун од Меин е една од најидиличните куќарки направени некогаш. Не, не станува збор за раскошна и луксузна палата поставена на висок зелен рид, туку за едноставна, скромна колиба, која има нешто друго што ниту еден друг дом го нема – способност да плови.
На семејството Браун му биле потребни повеќе од 10 години за да ја реализираат нивната замисла, која најпрвин се родила како идеја за профит, односно со намера да ја изнајмуваат на туристите. Сепак, откако го виделе финалниот продукт во 2010-та година, биле воодушевени од сопствената креација, па одлучиле себично да ја задржат колибата само за себе, и да започнат да живеат во неа.
И кој би ги обвинил? Кој не сака да живее во куќа која по потреба се претвора во приватен остров?