Што доведува до нервен слом кај секој хороскопски знак?

Животот е полн со комплексни ситуации, но размислувате ли како и на која од нив реагираат одделните луѓе? 

Ајде да погледнеме кај претставниците на секој знак кои  положби и случки  можат да ги донесат до нервен слом.

Овен – тој едноставно не може да чека! Ќе се мрдне додека не го добие одговорот.

Бик – преместувањето за него е кошмар. Пакување, распакување, нова атмосфера, нови ѕидови … сето тоа му прави експлозија на нервите.

Близнаци – распоред и пекол. Близнакот не трпи режими, точност, распоред и рутина. Тој буквално ќе се исклучи доколку секој ден во ист час му се наметнува да прави нешто.

Рак – она што ги урива емоционално, е разделбата. Точно дека за никого не е пријатно да го изгуби интимниот партнер, но кај ракот тоа е ситуација опасна по живот.

Лав – ако не биде по негово, тој од мило маче станува опасен ѕвер. А потоа депресивен ѕвер. Лавовите се склони кон големи драми, ако работите не се случуваат, како што тие сакаат.

Девица – стави ја во неред и таа ќе  се пресели. Домаќинство за Девицата е топка  од нерви. Дури понекогаш не разбира зошто се чувствува така. Валкани чинии, облека на подот, ненаместен кревет … тоа секогаш ќе ја  попречува емоционалната стабилност на Девицата.

Вага – конфликтот е она што може да ја донесе Вагата до нервен слом. Тие не сакаат и не напредуваат во слична атмосфера. Дури по конфликтот долго време се чувствуваат исцрпени и  немоќни.

Шкорпија – ако неверството повредува длабоко секој од нас, тоа кај Шкорпија  е највисоката форма на предавство. Потребни и се  години, за да ја надмине, дури и не секогаш успева. Склона е кон депресии и станува навистина многу лабилна.

Стрелец – ако нешто може да ги разбие нервите на стрелец, тоа  е ништо да не се случува. За него застојот е стапица. И малку по малку почнува да тоне додека не пропадне сосема.

Јарец – оваа силна личност може да се сруши, ако биде заменета. Кај Јарец стремежот да се искачува нагоре е вроден. И кога некој го „претрка“, паѓа многу, многу лошо.

Водолија – повеќето од нас сфаќаат дека животот е неправеден уште во најрана возраст. Водолија меѓутоа, категорично одбива да го прифати ова. Таа се вознемирува секогаш, кога ќе  види неправда.

Риби – она што ги уништува нервите на Рибата, е трескавичната подготовка. Тие го сакаат темпото на своите води и секогаш кога им се наметнува да брзаат за нешто или да се под напон за решавање на проблем, можат да се урнат.

- Реклама -