После смртта на легендарниот комичар, кој што бил огромен љубител на видео игрите, како и еден од милионите играчи на World of Warcraft, заедницата побарала од Blizzard да му се оддаде почит во самата игра.
Сајтот Wowhead.com откри нов лик со име „Robin“ меѓу фајловите на постоечката експанзија за WOW – Warlords of Draenor, а се претпоставува дека е во прашање посвета на неодамна починатиот актер Робин Вилијамс.
Локацијата на која овој нов NPC би требало да биде, не е позната, но откриен е 3D модел, кој потсетува на Духот од Аладин, каде гласот го позајми Робин.
„ Аладин“ е еден од најуспешните филмови на Дизни од деведестите година, а улогата на Вилијамс остави посебен печат, што го потврди пораката на американската Академија за филмски уметности.
После смртта на легендарниот комичар, кој што бил огромен љубител на видео игрите (ќерка му се вика Зелда), како и еден од милионите играчи на World of Warcraft, заедницата побарала од Blizzard да му се оддаде почит во самата игра.
Бројните играчки сајтови веднаш наговестија дека желбата ќе биде исполнета, а официјален одговор од компанијата се очекува и понатаму. Сепак, со оглед на тоа дека покрај духот стои и ознаката (забавувач), позитивниот одговор е повеќе од очигледен.