Франшизата Scream ќе стане ТВ-серија

Модерниот хорор-серијал Scream („Врисок“) од 1996 година ќе биде претворен во ТВ-серија. Телевизијата MTV му фрли око на постмодерниситчкото дело од четири продолженија на режисерот Вес Крејвен, па неговата иднина се сели од големото платно на малите екрани.

MTV моментално е во потрага по сценарист за целиот проект, а останува непознато дали режисерот Крејвен и изворниот сценарист Кевин Вилијамсон ќе бидат вклучени во работата зад ТВ-серијата.

Scream не застанува тука. Лани режисерот Вес најави и петто продолжение, иако не потврди дали ќе го режира самиот тој. Оваа информација не е големо изненадување со оглед на фактот што за снимањето на четвртиот дел од „Врисок“ беа потрошени 40 милиони долари, а филмот заработи дури 170 милиони долари.

{youtube}UlaZfOiGaCU{/youtube}

- Реклама -