Пат му е, двор му е

Во февруари, британските локалните власти затвориле дел од патот што ги поврзува Бристол и Бата, заради санација на лизгање на земјиштето. Поради тоа, возилата морале да ја користат обиколницата, со што се продолжувал патот за 14 километри.

И додека возачите се туфкале над својата лоша среќа, шеесетгодишниот Мајк Вотс согледал шанса за добра заработка. За само две седмици, преку своето поле, изградил земјен пат долг 365 и широк 7 метри и почнал да наплаќа патарина.

Toll-Road-6-685x477

Патот го отворил на 1 август, а возењето во една насока чини 2 фунти или 20 фунти за 12 поминувања, додека за мотоциклистите цената е дупло пониска. Возачите радо плаќаат за да го скратат патувањето. За изградбата, Мајк вложил 150.000 фунти, а уште толку издвојува за одржување и други трошоци. Според неговите досегашни пресметки, инвестицијата не само што ќе му се врати за 5 месеци, туку веќе ќе има и значајна заработка.

- Реклама -