За да го подготвите овој рецепт, потребни ви се:
450 г моркови
50 г пченка
1 глава кромид
30 г путер
50 г топено сирење
150 мл. млеко
2 г ким
Начин на подготовка
Ги чистиме и сецкаме морковите на тркалца, а потоа на ситни парчиња го сечеме и кромидот.
Во тенџере го загреваме путерот во кој што потоа ги додаваме исецканиот кромид и моркови.
Ја додаваме пченката и смесата ја зтвораме под капак, додека зеленчукот подомекне (околу 5 минути), по што кон нив го додаваме млекото и малку вода, колку да ги покрие морковите.
Се дотура сол и бибер по желба. Вариме додека морковите сосема не омекнат.
Откако ќе се сварат морковите, го додаваме топеното сирење.
Пред крајот се меша супата со кујнски робот или блендер и се додава ким. Ако е премногу густа, можеме да додадеме млеко до добивање на саканата густина.
Одлично предјадење за летните денови.