Балканскиот полуостров опфаќа добар дел од Европа и е еден од најстарите населени места на континентот.
Не е ни чудо што е еден од најпопуларните туристички дестинации, кој што се одликува со голем број на историски градови и природни чуда. Од планини до чисти плажи, од антички градби до луксузни одморалишта- има нешто за сечив вкус.
10. Балкан експрес, Србија, Црна Гора
Балкан експрес има многу опции, кои овозможуваат лесно патување низ Балканот. Размислете за патување од Белград- хип град со забавен ноќен живот- до Бар- историски град на Јадранското крајбрежје во Црна Гора. Возот поминува покрај живописнен пејсаж.
9. Рилскиот манастир, Бугарија
Сместен во далечните Рилски планини, православниот манастир е основан во 10-тиот век. Тој е еден од најпопуларните места во земјата, привлекувајќи околу 1 милион туристи годишно. Тоа е културно и историско место со прекрасна архитектура. Одличнен поглед кон планинскиот пејсаж се отвора од манастирот.
8. Врело Буна, Благај, Босна и Херцеговина
Уникатен природен и архитектонски ансамбл кој се наоѓа на реката Буна. Теќето Благај- манастир изграден во 17-ти век- е најпопуларното и познато место. Исто така, местото располага со прекрасна природа, разновидност на видовите и одлични погледи.
7. Света Софија, Истанбул, Турција
Оригинално изградена како грчка православна црква во 360 година, а подоцна служи како џамија, за сега да биде музеј и еден од најпознатите обележја на градот. Света Софија е значајна во културата, историјата и архитектурата.
6. Охрид, Република Македонија
Историскиот град се простира на кристално чиста смарагдно езеро. Градот располага со бројни древни цркви и манастири. Охрид е прогласен за културно и светско наследство од страна на УНЕСКО. Прекрасно културно и рекреативно место.
5. Дубровник, Хрватска
Покрај тоа што е еден од најпопуларните туристички дестинации на Медитеранот, Дубровник е исто така заштитен од УНЕСКО за својата историска важност. Има многу што да се прави и види тука: од истражување на неверојатната архитектура со жичарница, посета на возбудливи летни фестивали, до едрење и реласкирање на прекрасните плажи.
4. Метеори, Грција
Имресивниот комплекс на шест православни манастири е изграден на високите песочни столбови, „лебдејќи“ во планинскиот пејсаж. Манастирите биле изградени од монасите, кои ја населиле областа во 9-тиот век.
3. Езерото Блед, Блед, Словенија
Вистински скапоцен камен во Јулијанските Алпи е еден од од најомилените и популарни туристички дестинации во земјата. Не само што езерото е прекрасно, има црква на островот Блед изградена во 17-тиот век. На страна на езерото има средновековен замок од кој се гледа голема панорама.
2. Свети Стефан, Будва, Црна Гора
Островот е еден големо одморалиште сместено во прекрасниот јадрански брег. Свети Стефан има меко-розови песочни плажи, кристално чиста вода и историски села расфрлани на крајбрежјето. Во 1970 година беше популарно место меѓу познатите личности, па дури и холивудски ѕвезди.
1. Езерата Плитвице национален парк, Хрватска
Еден од најпознатите паркови во цела Европа се одликува со прекрасни тиркизни езера, водопади, пештери и планини. Посојано се преплавени од посетители, кои го истражуваат паркот низ пешачките патеки.