Треба ли да се плашиме од ебола?

Светската Здравствена Организација и официјално ја декларираше епидемијата на ебола како „вонредна здравствена ситуација од национална важност“. Звучи страшно, ама не е.

Во превод, ова значи дека епидемијата е сериозна, дека има опасност да се прошири во соседните афрички земји и дека ќе треба интернационална интервенција за да се спречи вирусот.

Епидемијата е најлошата што светот ја доживеал до сега, со 1779 инфицирани, од кои 961-на смрт. Иако постои мала шанса епидемијата да се пренесе кај соседите, еболата е далеку од тоа да стане глобална епидемија.

Ebola-IMAGE-1[1]

Еве зошто не треба да се плашиме:

  • Се шири преку физички контакт со телесни течности на инфицирани лица. Не се пренесува преку воздухот (како грипот). Се додека не допрете крв, пот, или плунка од заразено лице, безбедни сте.
  • Аеродромите внимаваат на откривање на заболени патници, спречувајќи вирусот да „отпатува“ до други земји.
  • Дури и да стигне, најголемиот дел од земјите имаат карантини и ресурси за да го спречат ширењето. Се додека докторите имаат маски, ракавици и заштитни костуми, не може да дојде до инфекција.
  • Во Африка, луѓето се плашат од западната медицина, што ги води кон тоа да бараат помош од шамани и слични надрилекари. Така, наместо да се упатат кон медицинските центри, луѓето ги минуваат границите и ја шират болеста. Тешко дека ова ќе се случи на другите континенти.

 

- Реклама -