Во склоп на фестивалот „Соништата на Задар“ во Хрватска, изведена е претстава за која не се престанува да се зборува!
Во Задар е одржана премиерата на претставата „Гробница за Борис Давидовиќ“, а нејзиниот режисер Ивица Бујан уште еднаш ја потврди својата репутација на провокатор.
Претставата е создадена во српско-словенско-хрватска копродукција, а првата престава се одржала на Mittelfest во Италија каде го привлече вниманието на истакнати италијански критичари. Режисерот Билјан ја работел претставата според делото на Даниел Киш.
Претставата во која актерите Милутин Милошевиќ и Александра Јанковиќ секс сцените не ги одглумеле, до сега ја гледала публика во Италија и Белград, а по Задар се очекува нејзина изведба и во Загреб и Љубљана.