Какао-фармери за прв пат пробуваат чоколадо! (видео)

Време е за малку чоколадна иронија.

Со производство од 1.6 милиони тони годишно, Брегот на Слоновата Коска е најголемиот извозник на какао (главната состојка на чоколадото) во светот. А сепак, какао-фармерите не ни виделе чоколадо, а уште помалку знаат каков вкус има. Тие единствено ги собираат какао зрната и ги продаваат на локалните откупувачи. Постојат гласини дека „Белците“ прават вкусна храна од зрната, но мнозинството мисли дека тоа е само легенда.

Ситуацијата воопшто не е чудна, ако се земе во предвид дека најниската цена на чоколадна табла во БСК е 2 евра, а дневната плата на фармерот е 7 евра, плата со која треба да прехрани 15 члена на семејството и да исплати 4 работници кои му помагаат во работата.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Конечно, некој од привилегираните се сети да им однесе чоколадо на фармерите и да им дозволи да го пробаат божествениот вкус на производот од нивната макотрпна работа. Реакциите веќе ги претпоставувате:

 

 

- Реклама -