Ѕвездите Џим Парсон, Кејли Куоко и Џони Галецки, во улогите на Шелдон Купер, Леонард Хофстадер и Пени, успеаа да договарат заработувачка од 1 милион долари од епизода, откако претходно го бојкотираа снимањето на остатокот на серијата.Имено, после ова, тие ќе станат најплатените актери на денешницата, заработувајќи индивидуално по 90 милиони долари.
Пред да се донесе оваа одлука, Телевизијата „CBS” соопшти дека засега ќе биде стопирано снимањето на познатата комедија Big bang theory, бидејќи продукцијата не може да се договори со главните ѕвезди околу хонорарите.
Во март беше објавено дека се нарачани нови три сезони, но тројца од актерите ја условиле продукцијата дека не снимаат додека не им се зголемат хонорарите.
Џим Парсон, Кејли Куоко и Џони Галецки, досега добиваа 325.000 долари по епизода.
Пред повеќе од 10 години, сите 6 актери од популарната серија Friends добија плата од 1 милион долари по епизода, но само за последната 10-та сезона од серијата.