Адриана Бертини ги дизајнира најчудните фустани во светот на модата, што многумина ги опишаа како бизарни.Имено, тие се целите создадени од перзервативи, како што вели таа, целта е да се зголеми половата култура и употребата на контрацептивни средства.
Со седиште во Сао Паоло, Бразил, Бертини прави фустани, кои што се хит на модните писти во Њујорк, Сан Франциско, па дури и Шангај.
Колекцијата наречена Condom Couture, вклучува сè – од кратки коктел фустани до карневалски костими, па дури и додатоци.
„ Уметноста не треба да има граници, особено не различните начини да им се укаже на луѓето од потребата од превенција, кога имаат секс,” вели Бертини.