Група од 50-мина луѓе беа натерани да влезат во соба полна со балони. А меѓу балоните – големо изненадување.
За време на еден семинар, говорникот одеднаш запрел и ја повикал публиката на групна активност. На секој од учесниците од групата им поделил по еден балон и ги замолил да го запишат нивното име со маркер. Тогаш, сите балони биле собрани и ставени во една огромна соба полна со балони. Задачата била секој од нив да влезе во собата и да го најде балонот со своето име, за само 5 минути. Учесниците се фрлиле на работа. Играта преминала во хаос. Секој од нив, во паника, барал најбрзо што можел, судирајќи се и туркајќи се со опонентите. По истекот на 5-те минути никој од нив не успеал да го најде својот балон. Тогаш, иницијаторот ги замолил да го земат првиот балон што ќе го начекаат и да му го дадат на лицето чие име било запишано на него. За помалку од 2 минути, секој еден од групата го имал својот балон во рацете. Тогаш говорникот продолжил:
„Токму ова се случува во нашите животи. Сите франатично ја бараме среќата наоколу, без да имаме претстава каде е. Нашата среќа е во среќата на другите. Дајте им ја нивната среќа, вие ќе ја добиете вашата. Тоа е целта на животот“.