Гејмери ​​спечалија 5 милиони долари од игра

Кинескиот гејминг тим NewBee донел дома 5 милиони долари од наградниот фонд откако победи на натпреварот на една од најплатените игри во светот.На натпреварувањето се  соочуваат едни против други најдобрите играчи во играта Dota2 и обезбедуваат милионски награден фонд.

Тимот NewBee го победи својот конкурент Vici Gaming, кои се исто така од Кина.

Вкупниот награден фонд е 10,9 милиони долари. Победниците земаат точно 5 милиони, второпласираните 1,4 милиони, а останатите 4,5 милиони долари  се распределени меѓу останатите 19 тимови кои учествуваат во турнирот, кој започна на 18 јули во Сиетл.

Компанијата – инвеститор на играта, Valve донираше 1,6 милиони долари од наградниот фонд, а остатокот беше дониран од милионите луѓе кои што редовно ја играат играта.

Интересен факт е дека финалето беше пренесувано директно на еден од каналите ESPN.

- Реклама -